Струшки вечери на поезијата 2022

Jaпонскиот поет Шунтаро Таникава добитник на наградата „Златен венец“

21.03.2022 14:26

Добитник на„Златен венец“ за 2022-ра година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е најзначајниот жив јапонски поет, Шунтаро Таникава. Одбележан 21-ви март, Светскиот ден на поезијата...

„Златен венец“ за Шунтаро Таникава, на годинашното издание на најпрестижниот и најстар светски фестивал Струшки вечери на поезијата. Тој е најпродуктивниот, најчитаниот и најиновативен поет од Јапонија, а неговите дела се преведени на многу јазици.

Највисокото признание во областа на поезијата, секоја година ја издигнува Струга, но и земјава на светската поетска мапа.

Наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска поетска збирка, оваа година во рацете на италијанскиот поет Џерардо Мазучо.

На Струшките вечери на поезијата секоја година присуствуваат повеќе од 200 светски поети. Се објавува и репрезентативна книга поезија од добитникот на наградата „Златен венец“ на оригинален јазик и преведена на македонски.  

 

Александра Спировска