ДИК

Нема кандидати за градоначалник во Маврово- Ростуше, ДИК ја запре постапката

21.03.2022 15:37

Минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат, а претходно најава за неучество на изборите имаше коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ...

ДИК ја запре постапката за избори во Маврово- Ростуше, бидејќи по истекот на сите законски рокови не се пријавил ниту еден кандидат за градоначалник. Комисијата мораше да констатира дека таму нема да има изборни дејствија.

Минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат, а претходно најава за неучество на изборите имаше коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Куртовски информираше дека нема потреба од дополнителни трошоци во време на криза за избори што можат повторно да бидат неуспешни.

На седницата, ДИК донесе одлука за измена и дополнување на годишниот план за јавни набавки за оваа година, како и кодексот за набљудување на изборите во Центар Жупа кои се закажани на истиот датум, 17-ти април.

 

Фиљана Кока