ДИК ќе впише 524 гласачи во избирачкиот список за Тирана

05.04.2014 16:04

Државната изборна комисија (ДИК) ќе впише 524 македонски државјани во посебниот Избирачки список за Тирана за гласањето за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април, согласно решенијата на Управниот суд.

ДИК на денешната седница ги констатираше решенијата на судот. Овие 524 пријавени за гласањето во Тирана во рок од 24 часа откако ДИК го одби нивното барање, до Управниот суд доставиле тужби.

ДИК на затворена седница во неделата ги одби барањата на 639 лица пријавени за гласање во Тирана, со образложение дека немале целосна документација, кое подоцна беше објавено на нивната веб-страна.

Овој преглед покажува дека бевме во право ние што бевме за запишување на овие лица во единствениот Избирачки список во Тирана. Станува збор за луѓе кои имаа уредно доставено своја документација, изјави членот на ДИК Влатко Сајковски.