Владините антикризни мерки се успешни, ако треба ќе се воведат дополнителни
Во Минстерството за економија се задоволни од 26-те антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Ако има потреба, ќе има дополнителни. Инаку, нема проблем со пласманот и производството на еден од основните продукти- маслото за јадење...

Министерството за економија прави анализи на ефектот од 26-те мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Ќе стигнат на владина седница. Засега се успешни, но ако треба сме подготвени дополнително да интервенираме, да се укинат некои царински давачки. Ова зависи од текот на кризата во Украина, смета министерот за економија Бектеши.
Наредните месеци ќе нема проблем за еден од основните продукти, маслото за јадење. Од прилепска „Витаминка“, која со 40 насто го снабдува домашниот пазар, уверуваат дека нема место за загриженост.
Според Владата, со ефикасната антикризна стратегија, признаена од меѓународни институции како ММФ, се зачувани 60.000 работни места и се поддржани преку 20.000 компании, а со пакетот мерки од 400 милиона евра се амортизираат притисоците врз стандардот на граѓаните.
Елизабета Митреска
