Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина
Високиот комесаријат за бегалци на ОН евидентираше точно 3.489.644 украински бегалци на својот портал до 13.00 часот по средноевропско време. Тоа е за 100.600 повеќе отколку вчера, на претходното ажурирање.

Речиси 3,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на борбите започнати со инвазијата на руската армија на 24 февруари, покажуваат податоците на Обединетите нации објавени денеска.
Високиот комесаријат за бегалци на ОН евидентираше точно 3.489.644 украински бегалци на својот портал до 13.00 часот по средноевропско време. Тоа е за 100.600 повеќе отколку вчера, на претходното ажурирање.
Само Полска прими повеќе од половина од сите бегалци кои ја напуштиле земјата од почетокот на руската инвазија, односно околу шест бегалци од 10. Од 24 февруари, 2.083.854 луѓе влегле во Полска, бегајќи од конфликтот во Украина, според УНХЦР .
