Се бараат гадежни работници за новите автопати
Само компаниите „Трансмет“ и „Бетон“ имаат потреба од над 500 градежни работници, а пред два дена „Гранит“ објави оглас за вработување на 670 работници за изведување градежни работи на двата патни правци...

Градежните компании ангажирани на изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, деновиве објавија огласи за ангажирање на голем број работници.
Само компаниите „Трансмет“ и „Бетон“ имаат потреба од над 500 градежни работници, а пред два дена „Гранит“ објави оглас за вработување на 670 работници за изведување градежни работи на двата патни правци.
Покрај нив оглас за вработување на 125 работници објави и кинеската компанија Синохидро.
Сите овие компании бараат раководни инжинери, геодети, рударски инженери како и општи градежни работници.
