По Индијан велс слават Фриц, Швијотек и Ѓоковиќ
Местото во финалето го искачи Надал сега на третата позиција на светскиот тениски поредок. Таму пак, на врвот и официјално стигна најавуваната промена каде повторно е Новак Ѓоковиќ и тоа само благодарение на раната елиминација на Медведев...

Рафаел Надал застана на 20 триумфи во низ, или го запре американскиот тенисер Тејлор Фриц во финалето на турнирот во Индијан Велс од мастерс серијата 1000. По два сета игра 20-тиот на АТП поредокот за првпат во својата кариера крена пехар на мастерс 1000-ка или само вторпат освојува АТП турнир. Повредата на зглобот го оневозможи шпанецот да ја продолжи победоносната серија, но тоа нималку не му го омаловажува успехот на американецот.
Местото во финалето го искачи Надал сега на третата позиција на светскиот тениски поредок. Таму пак, на врвот и официјално стигна најавуваната промена каде повторно е Новак Ѓоковиќ и тоа само благодарение на раната елиминација на Медведев од калифорнискиот турнир и бришењето на бодовите. Сега србинот има минимални 20 бода предност што може многу лесно да ги загуби и нив и лидерското место веќе на мастерс турнирот 1000 во Мајами. Вака густо на врвот во АТП поредокот од првото до четвртото место не било многу одамна. Сево ова наговестува супер неизвесна пролет и лето, особено што по Мајами, кад патем Надал го откажа учеството, започнува сезоната на земјени терени, каде царува шпанецот, но и место каде се враќа натпреварувачки Ѓоковиќ, а бодовно бенифит може да има и Зверев.
Ига Швијотек пак, со освојување на трофејот на женскиот дел од турнирот во Индијан Велс од серијата мастерс 1000, испиша две нови поглавја во тенискиот архивски бележник. По 2009-та и данската тенисерка Каролина Возњацки, таа е прва тенисерка која пред да наполни 21 година освојува пет ВТА шампионати. Швијотек исто така со оваа победа се искачи на второто место во тенискиот светски поредок, а со триумфот во Калифорнија стана прва полска тенисерка која го освојува Индијан Велс. Инаку Швојатек до славјето стигна по 80 минути доминантна игра низ два сета над гркинката Мариа Сакари.
