Субвенции за пчеларство
Пчеларите кои имаат најмалку 20 пчелни семејства имаа право да аплицираат за државна финансиска помош. Услов е пчелите да бидат чувани до 30-сети ноември годинава, а висината на субвенцијата изнесува по 700 денари за една кошница.

Пчеларите кои имаат најмалку 20 пчелни сандаци ќе можат да аплицираат за добивање на субвенции од по 700 денари за едно пчелно семејство.
Услов е задолжително одржување на овој број до 30 ноември 2022 година. За одгледување на пчелни матици се предвидени 1000 денари по кошница.
Утврдувањето на бројната состојба се врши врз основа на податоци од Регистарот на домашни животни на денот на поднесување на барањето за субвенции.
Доколку барателот има неплатени обврски кон Министерството за земјоделство може да се изврши пребивање. Односно, со претходна изјава на барателот заверена на нотар дека се согласува заостанатите долгови да се компензираат со одобрената финансиска поддршка. Изјавата треба да ја достави до платежната Агенција во рок од 20 дена од денот на доставување на известувањето за наплатените финансиски обврски.
Во случај кога барателот нема да достави согласност, субвенцијата нема да му биде исплатена. Ако одобрениот износ не е доволен за подмирување на сите обврски приоритет за наплата имаат долговите кон министерството, а потоа кон водостопанство и јавното претпријатие за пасишта.
Меродија Трајков
