Свет

Нема преживеани во авионската несреќа во Кина

22.03.2022 09:41

Причината за падот на шестгодишниот авион е непозната...

Нема преживеани по авионската несреќа на кинеската авиокомпанија „Чајна Истерн Ерлајнс“ во која имаше 132 лица. Црната кутија ќе се бара и со беспилотни летала.

Авионот кој летал на релација Кунминг – Гуангжу се урна вчера во близина на градот Вужоу. Причината за падот на шестгодишниот авион е непозната.

Последната фатална авионска несреќа во Кина се случи во 2010 година, кога загинаа 44 лица при слетување на аеродромот Јичун поради слаба видливост.