Македонија

Денес се празнува Св. 40 Маченици- Младенци

22.03.2022 09:43

Младенци секогаш се паѓаат во време на Великиот пост. Во 320 година, четириесет војници од еден полк во Севастија, ја одбиле наредбата да се поклонат на римските идоли и да им принесат жртви. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува.

Овој празник е еден од најголемите во пролетниот циклус. Се слави споменот на четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале за христовата вера.

Младенци секогаш се паѓаат во време на Великиот пост. Во 320 година, четириесет војници од еден полк во Севастија, ја одбиле наредбата да се поклонат на римските идоли и да им принесат жртви. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува.

Момчињата храбро издржале, само еден од нив не можел да издржи и излегол, но негово место влегол еден од стражарите. Над главите на мачениците, имало светли венци. Утрото, смрзнатите војници ги однеле надвор од градот и ги запалиле.

Младенци ги слават и сопружниците во првата година од бракот.