Македонија се загрева за нова сензација
Италија, по Германија е втората гигантска селекција против која ќе треба да ги тестираме можностите на оваа генерација предводена од Благоја Милевски.Италијанците како и Германија со четири светски титули, аѕурите плус и актуелен европски владетел.

По дебито на ЕП, историскиот прв чекор во мундијалскиот бараж е новото поглавје во досието на фудбалска репрезентација на Македонија. Од Тбилиси, преку Букурешт и Амстердам, до Палермо. Италија, по Германија е втората гигантска селекција против која ќе треба да ги тестираме можностите на оваа генерација предводена од Благоја Милевски.Италијанците како и Германија со четири светски титули, аѕурите плус и актуелен европски владетел.
„Ќе биде ова тежок натпревар, тие ќе играат со сите сили, и ние со нетрпение го очекуваме овој предизвик. Еден од најбитните дуели во кариерите е пред нас, со максимална концентрација за 90.минути можеме да победиме секого и да оставиме добар впеаток“, изјави креативецот на Леванте, Енис Барди.
Македонија е апсолутен аутсајдер но и фаворитите не победуваат секогаш, германците во Дуизбург го почувствуваа тоа. Италија пак не смее да си дозволи ново отсуство од мундијалите како пред 4 години.
„Во денешниот фудбал нема фаворити.Некогаш и фаворитите можат да те изненадат и да имаат лош ден.Покажавме дека можеме да победуваме и во тешки натпревари и најбитно ни е да видиме како ние ќе изгледаме и да го одработиме тоа што селекторот ќе ни го постави.Ослабени сме без Елмас и Костадинов, но ќе играме и за нив“, рече Барди.
Претходниот наш кормилар Игор Ангеловски со италијанците во мундијалски квалификации за Русија 2018 одигра 1-1 воТторино, а во Скопје водеше до 75.минута со 2-1, пред пресвртот за 2-3. Само деведесетте полуфинални бараж минути следуваат во Палермо задутре од 20.45 часот.
