Затворени избирачките места во Авганистан

05.04.2014 16:25

За местото на Карзаи, кој нема право на трет мандат, се борат 8 кандидати...

Во Авганистан се затворија гласачките места по 10 часа масовно гласање и покрај заканите.

10 проценти беа затворени предвреме поради повремени насилства, но имаше голем одзив на жените.

За местото на Карзаи, кој нема право на трет мандат, се борат 8 кандидати.

Предничат поранешните министри за надворешни работи, Абдула Абдула и Залмај Расул и за финансии Ашраф Ахмаџај.

Делумните резултати се очекуваат утре.