Текстилна индустрија

Текстилниот сектор со зголемен обем на работа и намален број вработени

22.03.2022 11:26

Олеснувањето на ковид мерките и настаните во Украина за текстилните компании во земјата значат сериозно зголемување на обемот на работа. Странските партнери ги бараат македонските текстилни производи, но со намален број вработени заради ковид кризата, нашите компании не може да ги испорачаат во целост...

Текстилните компании се пред нов предизвик. Во минатите две години имаа намален обем на работа, заради што го намалија бројот на вработени. Сега странските партнери нудат толку многу работа што компаниите не можат да ја реализираат со сегашниот број на работници.

„Со партнерите од Европа преговараме за повисоки цени за да може да исплатиме повисока минимална плата, и да ги усогласиме платите на сите вработени“, вели Димитров кој тврди дека праксата ќе ги покаже негативните ефекти од одлуката да се зголеми минималната плата без зголемена продуктивност.

Од почетокот на пандемијата од текстилниот сектор без работа останаа околу седум илјади вработени. Оваа индустрија е извозно ориентирана и пред пандемијата имаше околу 1.100 текстилни компании кои вработуваа околу 35 илјади луѓе.

Славица Величковска