Германски компании во Македонија

Нема ризик да се загубат нарачките поради зголемување на трошоците за вработените

22.03.2022 11:49

Во анкетата на Делегацијата на германското стопанство се вели дека дури 65 насто од компаниите што претежно работат во автомобилскиот сектор и вработуваат над 20 илјади лица не можеле да ги предвидат зголемените трошоци при изготвување на буџетот за оваа година...

39 насто од германските компании што работат во земјава изјавиле дека немаат зголемени трошоци во однос на персоналот со воведување на одредбата за недела неработен ден. Кај 12 насто од компаниите растот на трошоците е поголем од 30 насто, додека кај останатите компании растот е меѓу 10 и 30 насто.

Во анкетата на Делегацијата на германското стопанство се вели дека дури 65 насто од компаниите што претежно работат во автомобилскиот сектор и вработуваат над 20 илјади лица не можеле да ги предвидат зголемените трошоци при изготвување на буџетот за оваа година.

Притоа 67 насто од германските фирми повисоките трошоци ги компензираат со намалување на фиксните трошоци, додека 73% од компаниите сметаат дека нема ризик да ги загубат нарачките поради зголемување на трошоците за вработените.