КОВИД-19

Кина се соочува со најголемо ширење вирусот од 2020 година

22.03.2022 11:51

Во Шенјанг, град каде е развиена автомобилската индустрија, регистрирани се 47 нови случаи на вирусот. Сега на жителите им е забрането да излегуваат без 48-часовен негативен резултат на Ковид тест.

Кина се соочува со најголемо ширење на епидемијата од 2020 година. Поради скокот на бројот на заразени со Ковид-19, воведен карантин во девет милионскиот град Шенјанг, на североистокот.

Во Шенјанг, град каде е развиена автомобилската индустрија, регистрирани се 47 нови случаи на вирусот. Сега на жителите им е забрането да излегуваат без 48-часовен негативен резултат на Ковид тест.

Кина во борбата со вирусот користи и масовно тестирање и затворање на посебни области во градовите. Во саботата, беше соопштено дека во земјата се евидентирани два смртни случаја со Ковид-19, за првпат по повеќе од една година.

Во светот од Ковид-19 досега починале над 6 милини лица.