Прв хакатон за раскажување на културното наследство со користење на нови технологии
Право на учество имаат сите млади крeативци од 18 до 35 години, со искуство и интереси во креативниот сектор, културата (римското културно наследство), уметноста или во новите модели на комуникација и маркетинг...

На 5-ти и 6-ти април во Скопје, во организација на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21 ќе се одржи првиот хакатон за развој на концепти за нови културни доживувања, со користење на имерзивни технологии, кои ќе бидат дел од првата мобилна апликација „Имерсиум“за археолошките локалитети: „Стоби“ (Македонија), „Емона“ (Словенија) и „Виминациум“ (Србија).
Право на учество имаат сите млади крeативци од 18 до 35 години, со искуство и интереси во креативниот сектор, културата (римското културно наследство), уметноста или во новите модели на комуникација и маркетинг. Заинтересираните треба да се пријават со тим од три члена, со пополнување на електронската форма за регистрација – (shorturl.at/dtAY6),најдоцна до 31-ви март 2022 година.
Пријавените тимови ќе имаат поддршка од тројца ментори, професионалци и претставници од креативниот и културниот сектор, кои ќе работат заеднички со тимовите во развојот на нивните концепт - решенија. Наградниот фонд за овој хакатон е во вредност од 1.500 евра, а избраните концепти ќе бидат делод мобилна платформа „Имерсиум“.
Целта на „Имерсиум“ е да овозможи нови модели за промоција на културата, со користење на имерзивните технологии и да креира атрактивни и интерактивни доживувања за посетителите на културните локалитети на Балканот, но и во Европа.
