Шведска
Ученик со секира и нож убил две жени во училиште во Малме
22.03.2022 12:26
Полицијата успеа да го уапси под обвинение за убиство откако самиот ја повикал полиција и го признал злоделото.

18-годишен ученик усмрти две жени во Малме. Двократното убиство на вработените во средното училиште го извршил со секира и нож.
Полицијата успеа да го уапси под обвинение за убиство откако самиот ја повикал полиција и го признал злоделото.
По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата извршила претрес во објектот, но не нашла индиции дека во инцидентот се вмешани повеќе сторители.
