Соработка

Македонија и Бугарија ќе потпишат меморандуми за соработка во образованието, науката, културата и туризмот

22.03.2022 12:52

Нова средба на работните групи меѓу Македонија и Бугарија за култура, образование и наука. Министрите Стојчевска и Денков ќе потпишат меморандуми за соработка...

Нова средба на работните групи меѓу Македонија и Бугарија за култура, образование и наука. Министрите Стојчевска и Денков ќе потпишат меморандуми за соработка.

На состанокот се и министерот за образование Шаќири и директорите на Националаната агенција за европски образовни програми и на Агенцијата за млади и спорт.

Предвидено е потпишување на неколку билатерални документи, меѓу кои: Програма за соработка во областа на културата, Програма меѓу Владите за соработка во областа на образованието и науката, Меморандум за соработка во областа на младите и спортот, како и Меморандум меѓу националните агенции Еразмус плус и Европскиот корпус за солидарност.