Дигитализација

Унапредување на вештините на младите за подобра конкурентност на пазарот

22.03.2022 13:12

Ќе се подигне нивото на дигитализација за унапредување на вештините на младите за поголема конкурентност на пазарот на труд-најави Владата …

Владата преку стратегија се подготвува за сестрана дигитализација, вели министерка Тренчевска. Посебен акцент се става на унапредување на вештините на младите за подобра конкурентност на пазарот. Тоа ќе обезбеди, смета министерката, подобар квалитет на живот во областа на здравството, јавниот превоз, банкарството и други значајни области за граѓаните. 

Со совладувањето на овие вештини, младите и други лица треба да одговорат на барањата на работодавците и да се справат со сиромаштијата, велат од Британската амбасада и од УНДП.

Економското иселување на младите мора да се запре преку поголемо учество за намалување на невработеноста и нееднаквоста во земјава, согласни се учесниците на конференцијата.

Фиљана Кока