Светскиот „Ле гран бале“ на Панков гостува во Скопје
Светски познатиот балет „Ле гран бале“ од Монтреал во рамките на големата балканска турнеја на 8-ми април ќе гостува со претставата „Минус еден“ во Скопје. Уметнички директор на канадскиот балет во последните 15 години е Градимир Панков, Македонец со импресивна меѓународна кариера...

Балетската претстава на Монтреалскиот балет „Минус 1“, повеќе од една деценија се наоѓа на врвот меѓу најпопуларните балетски дела на современ танц. За големиот успех, велат најзаслужен е нашинецот Градимир Панков, многу познат балетски уметник и директор на Канадскиот балет, чие што име повеќе од 6 децении е вткаено на светската балетска мапа, не само како танчер и педагог, туку и како најдобар кореограф. Според Панков, оваа претстава синоќа беше поздравена со овации од атинската публика, а гостувањето во Македонија за него значи дека го остварил дамнешниот сон со неговиот балет да настапи во родниот град Скопје.
Кртичарите за представата „Минус 1“ велат дека тоа е проект на експлозивен омаж на танцот и танчарите. Секој од нив игра соло и го снима својот глас споделувајќи лични анегдоти, објаснувајќи го притоа својот однос кон танцот.
Во „Минус 1“ кореографот става акцент на екстравагантната енергија испреплетувајќи со неговата провокативна и непредвидлива кореографија и богата музичка сензитивност.
Оваа балетска прества ќе ја има можност да ја види и јавноста во Белград и Нови Сад.
Мирјана Василева
