310 нови случаи со Ковид-19, починати три лица
Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а бројот на активни случаи изнесува 1.913.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 199, Битола – 19, Куманово – 15, Кавадарци – 13, Прилеп – 9, Охрид и Штип –по 8, Велес – 5, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 4, Тетово и Гостивар – по 3, Делчево, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кичево, Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Виница , Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 49 реинфекции. Регистрирани сe 284 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице: од Скопје ( 77г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87г) и Кочани (45г). Пријавените лица се починати во период од 17.03. до 19.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (3), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а бројот на активни случаи изнесува 1.913.
Досега во земјата се направени вкупно 1.941.593 тестирања на Ковид-19.
