Кривичен суд

Самсоненко: Плацот на Водно е мој, го купив од Камчев

22.03.2022 16:44

На судењето во Кривичен суд за случајот „Плацеви на Водно“, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко тврди дека е негов плацот за кој Обвинителството верува дека е купен од поранешниот премиер, Груевски...

На судењето во Кривичен суд за случајот „Плацеви на Водно“, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко тврди дека е негов плацот за кој Обвинителството верува дека е купен од поранешниот премиер, Груевски. Вели- сакал да изгради куќа преку фирма, сопственост на неговата сопруга.

Барал голем плац над 5.000 квадрати, не можел да најде, па Камчев му го предложил, под  договор- да го исплати за три години, а вели- платил предвреме со сума од 110 милиони денари.

Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Ристо Новачевски, бизнисмените Јосифовиќ, Камчеви и екс- директор на УБК, Мијалков.