Ин мемориам

Почина Ристо Стефановски, театролог и долгогодишен директор на Драмски театар Скопје

22.03.2022 16:53

Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Автор е на многу книги за театарот и театарското творештво во Македонија.

На 94 години почина Ристо Стефановски, театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и долгогодишен директор на Драмски театар Скопје. Роден во Скопје, Стефановски студирал глума на Театарската академија во Белград, а од 1951 до 1960 бил актер во скопскиот Народниот театар.

Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Автор е на многу книги за театарот и театарското творештво во Македонија.

Меѓу бројните награди кои ги добил се највисоките државни „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, Стериина награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје, Нови Сад, Награда на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело, „13 Ноември“, Одликување на Француската влада „Академска палма“.

Семејството, пријателите и колегите ќе може да се простат од него утре, во капелата на гробиштата Бутел, со почеток во 12 часот.