Клима

Невиден топлотен бран забележан на Антарктикот

22.03.2022 19:27

Антарктикот е најстуденото место на земјата. Не е невообичаено температурите да паднат до-80 степени. Но, во петокот на 18-ти март беше поставен рекорд на топлина -11,8 степени...

Антарктикот е најстуденото место на земјата. Не е невообичаено температурите да паднат до-80 степени. Но, во петокот на 18-ти март беше поставен рекорд на топлина -11,8 степени. Бројка што ги запрепасти истражувачите. Толкувајќи ја состојбата невообичаена за овој месец март, бидејќи просечната температура e околу-55 степени.

„Ова глобално затоплување се должи на метеоролошкиот феномен „атмосферска река“. Ова е долг коридор на топол, влажен воздух составен од голема количина на водена пареа“, вели Џулиен Витвики, стручњак за глечери на станицата Конкордија-Антарктик.

Благите температури предизвикаа врнежи од снег, од околу десетина сантиметри што е еквивалент на врнежи во една година. Не е можно овој феномен да се поврзе со глобалното затоплување, но сигурно е дека глобалното нарушување ги фаворизира овие топлотни бранови.

„Тоа е временска шема што постоела пред да се промени климата, но овие ефекти се засилуваат со глобалното затоплување. Не мора да ги имаме почесто, но кога ќе се појават ќе бидат поинтензивни“, изјави Гаетан Хејме, француски метеоролог, специјалист за Антарктикот.

Досега Американската вселенска агенција НАСА и Европската вселенска агенција спроведуваат истражувања на секои неколку години со цел да дознаат што се случува на Антарктикот и на Гренланд. Стручњаците наведуваат дека само топењето на мразот на Антарктикот до крајот на векот би можело да го подигне нивото на морето за 16 сантиметри.

Мирјана Василева