Недостатокот на квалификации главна причина за мала вработеност на ромското население
Ромското население во Битола мора да се образува за вработување. Анализата на невладините покажала дека побрзо користат социјална помош, а децата не одат во училиште. Претпријатијата во битолско не посакуваат неквалификувана работна сила…

Неоформеното образование и недостатокот на квалификувани вештини главните причини за малата вработеност на битолските Роми. Минатогодишната анализа спроведена на 31 отсто од оваа популација исфрли запрепастувачки податоци. 60 проценти се со недооформено основно или средно образование. Само 30 отсто се изјасниле дека имаат некаква сезонска работа или се занимаваат со дејности кој се дел од неформалниот сектор.
Ремзи Медик кој беше дел од тимот за поддршка вели-67 отсто се корисници на социјална помош, а старата навика вели, ги оддалечува децата од клупите.
Со анкетата беа опфатени и 17 претпријатија. Тие се изјасниле дека во моментов во Агенцијата за вработување не се нудат адекватни мерки за потребите на неквалификуваната работна сила.
Тоа е препораката на стопанството, но онаа што ја дава истражувањето е децата Роми неизбежно да се дел од образовниот процес и креирање на програми за повозрасните, за формализирање на образованието.
Како препорака стои и поголема информираност и презентација на успешните примери, кои се дел од формалните работни односи.
Стевче Митревски
