Русија

Навални осуден на девет години затвор

22.03.2022 17:04

Навални беше прогласен за виновен за проневера на средства за неговата антикорупциска фондација – која сега е забранета во Русија – и за навреда на судија во претходно судење.

Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални денеска е осуден на девет години затвор „за измама од особено големи размери“.

Навални беше прогласен за виновен за проневера на средства за неговата антикорупциска фондација – која сега е забранета во Русија – и за навреда на судија во претходно судење.

Претходно денеска судијката Маргарита Котова во пресудата наведе дека Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и повреда на довербата“. Според пресудата, судот ја утврдил вината на Навални за сите четири точки од обвинението за „измама од особено големи размери“.

Навални е најистакнатиот противник на долгогодишниот руски претседател Владимир Путин. Повеќекратните правни постапки против него беа критикувани на меѓународно ниво како политички мотивирани.