Македонија

Милион денари за чистење на коритото на реката Серава

23.03.2022 12:52

За чистење на коритото на Серава општината ќе потроши милион денари. Градоначалникот Костовски ветува и пешачка патека. Чистењето на речното корито ќе продолжи и кај Радишани, на потегот од мостот до Расадник.

Локалните мештани велат дека коритото на реката Серава не е чистено од 2008 година, за чие чистење сега од буџетот ќе бидат потрошени еден милион денари. Градоначалникот на општината вели дека откако ќе се исчисти коритото на реката ќе се направи и пешачка патека, каде граѓаните ќе може да се релаксираат и да пешачат.

Втората фаза од чистењето на реката Серава ќе продолжи и кај Радишани на потегот од мостот до Расадник. Во моментов се работи на проект за коритото на реката во оваа населба, информираше градоначалникот на Бутел. Проектот предвидува пешачки и трим патеки во населбите Живко Брајковски и Свети Климент Охридски. За околу една година, градоначалникот Костовски ветува два ипол километри пешачка зона.

Спремни сме да изградиме нова поликлиника, вели Костовски. Разговарано е со министерот за здравство, но за такво нешто најпрво ќе треба да се повлече постоечката модуларна болница во општината. За еден месец ќе биде готов планот каде што ќе треба да се изгради новата поликлиника. Пари, вели Костовски ќе има. Апелираше до Владата да им дозволат да ја изградат поради небезбедноста на монтажните болници кои според него, се срам за општината.

Александра Спировска