Тенис – Дејвис куп

Шампионот прв полуфиналист!

05.04.2014 18:45

Актуелните шампиони, Чесите обезбедија пласман во полуфиналето откако во три сета Степанек и Росол беа подобри од Ито и Учијама...

Гостите водат во четвртфиналните дуели од најквалитетната, Светска група во тенискиот „Дејвис куп“, но по дуелите во двојки само Чешка има недстижни 3:0. Актуелните шампиони, Чесите обезбедија пласман во полуфиналето откако во три сета Степанек и Росол беа подобри од Ито и Учијама.

Противник на Чешка во големата четворка ќе и биде поуспешниот од пресметката Франција - Германија во којашто за моментални 2:1 гостинскиот тандем Бегеман – Камке со 3:1 беше подобар од Гаске и Лодра.

Британците поведоа во Неапол против Италија со 2:1 откако Мареј брзо со 3:0 го заврши вчера недоиграниот дуел со Сепи, а потоа во двојка со Флеминг во пет сета беа подобри од Болели и Фоњини.

Швајцарците се пред сензационална елиминација затоа што Казахстан во Женева има предност од 2:1. Причина за тоа е драматичниот триумф од 3.1 на Голубев и Недовјесов во дуелот со Федерер и Вавринка. За  евентуален пресврт, утре австралискиот шампион Вавринка ќе игра против 56-от во светот Кукушкин, а 17 -кратниот грен слем победник Федерер со 64-от  на АТП листата, Голубев.