Сообраќај

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Битола ги промовира новите мобилни камери

23.03.2022 14:37

Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај при СВР Битола последната година во исклучителна мобилна состојба при контролата на сообраќајот. Резултатите од тоа за скоро ќе ги даде пресекот кој е во обработка за првите три месеци. Од денеска тие на терен ја имаат и алатката мобилна камера која контролата ќе ја регистрира со видео и аудиоснимка.

Полициските службеници задолжени за безбедноста во патниот сообраќај при СВР Битола ќе ја користат и новата мобилна камера која и со слика и со тон ќе го регистрира соодветниот прекршок. Совесните возачи не гледаат ништо лошо во зачестените контроли.

Од СВР Битола велат дека оваа нова алатка ќе биде голем бенефит и за полициските службеници и за сите учесници во сообраќајот.

За волја на вистината веќе подолго време мобилноста на полициските тимови е голема, речиси секојдневно се вршат контроли на неколку пунктови во и надвор од градот. За несовесните возачи се изрекуваат санкции а колку тие ќе влијаат на подигањето на сообраќајната дисциплина ќе каже пресекот за првото тромесечје.

Контролите имаат свој придонес и во откривањето на некои други девијантни појави. При една таква контрола во Ресенско вчера бил спречен обидот да избега 36 годишно лице кое пред тоа фрлило најлонска кеса.

Стаматова вели ова не е единствен ваков случај а во иднина акциските контроли ќе бидат уште позасилени.

Стевче Митревски