КСС на 30-ти март на протест
Идната среда конфедерацијата на слободни синдикати на предупредувачки протест пред Собранието. Бараат усогласување на платите со новиот минималец. Ако не им се прифатат барањата, ќе стапат во генерален штрајк.

Генерален штрајк ако не се усогласат платите во јавниот сектор најавува Конфедерацијата на слободни синдикати. Последно предупредување ќе упатат на протест пред Собранието закажан за 30-ти месецов. Според нив зголемувањето на минималецот опфаќа само 10 насто од администрацијата и затоа е потребен скалест раст на платите. Бараат зголемување на бодот.
Од 2016 година или 2018 година при последното зголемување на бодот кој во тоа време изнесуваше 77,5 денари е зголемен за само 5 проценти, а тоа е 81,6 денари. Бараме Владата да го зголеми бодот – вели Благоја Ралповски, Претседател на КСС.
Зелено светло од Владата за законските корекции за административни службеници со кои се менуваат критериумите.
Со законот се менуваат критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот согласно податоците од Државниот завод за статистика. Со законот се утврдува висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57% од просечната плата објавена од ДЗС за претходната година – изјави Душко Арсовски, портпарол на Владата.
Од Владата велат законското решение ќе обезбеди еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор со најниски примања преку ист износ на законскиот минималец и скалесто усогласување на останатите плати на административните службеници на сите нивоа.
Анита Д. Велковска
