319 нови случаи со Ковид-19, почина едно лице
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи изнесува 1.973.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на КОВИД-19 во Скопје – 184, Битола – 25, Кавадарци – 23, Куманово – 14, Прилеп – 11, Велес и Кичево – по 9, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Неготино и Делчево – по 5, Кочани – 4, Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (319) ,регистрирани се 59 реинфекции. Регистрирани сe 258 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од: Скопје ( 66г ), починато во болнички услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи изнесува 1.973.
Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на КОВИД-19.
