Уставниот суд ја отфрли иницијативата за преиспитување на законитоста на мерките против Ковид-19
Според подносителот, биле пропишани драконски мерки, со кои дискриминаторски се овозможило повеќе од милион граѓани да ги изгубат нивните основни загарантирани права- еднаквост пред законите, правото на сигурност и тајност на податоците и правото на приватност.

Уставниот суд не поведе постапка за иницијативата за преиспитување на законитоста и уставноста на владините мерките за заштита од коронавирусот. Судиите ја отфрија поради промена на фактичката состојба.
Според подносителот, биле пропишани драконски мерки, со кои дискриминаторски се овозможило повеќе од милион граѓани да ги изгубат нивните основни загарантирани права- еднаквост пред законите, правото на сигурност и тајност на податоците и правото на приватност.
Била забранета слободата на говорот како и правото на протест, со што државата вовела цензура, се вели во иницијативата.
