Брегалница победнички во Тетово, Вардар со бодови од Гостивар
Утре ќе се одиграат преостанатите четири дуели од 26-то коло. Двојките се следниве: Во 16 часот ќе истрчаат :Металург- Еуромилк, Напредок-Работнички и Македонија ЃП-Хоризонт. Натпреварот во Тетово меѓу Ренова и Пелистер е во 15 часот со пренос на МРТ...

Од двата денешни натпревари со кои беше отворено 26-то коло од Првата македонска фудбалска лига, привлечноста беше многу поголема од дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Брегалница. Шкендија по извонредната победничка серија против Вардар, Работнички и Хоризонт беше фаворит и во дуелот против Брегалница за влегување во многу по мирни првенствени води. Но, Брегалница без ниту трага на инфериорност го одигра натпреварот со голема важност. Со головите на Наумов во 49-та минута и на Илиев во судиското надополнување ја извојува 5-та гостинска победа во шампионатот и се израмни на табелата со тетовските „црвено-црни“.
Во Гостивар Вардар, иако апсолутен фаворит долго го кршеше отпорот на последнопласираниот домашен тим. Петров погоди во 67-та, а Филип Ивановски го даде својот„првенец“ по враќањето во 76-та. Вардар со 2:0 го совлада тимот на Гостивар.
Утре ќе се одиграат преостанатите четири дуели од 26-то коло. Двојките се следниве: Во 16 часот ќе истрчаат :Металург- Еуромилк, Напредок-Работнички и Македонија ЃП-Хоризонт. Натпреварот во Тетово меѓу Ренова и Пелистер е во 15 часот со пренос на МРТ.
Табела:
1.Пелистер 47
2.Вардар 45 (+1)
3.Работнички 44
4.Хоризонт 41
5.Металург 41
6.Шкендија 36(+1)
7.Брегалница 36(+1)
8.Ренова 33
9.Еуромилк 32
10.Македонија ЃП 23
11.Напредок 14
12.Гостивар 14 (+1)
