Здравство

Комисијата за заразни болести не предложи нови мерки против Ковид-19

23.03.2022 15:39

Членовите на комисијата дискутирале за интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19...

Комисијата за заразни болести не предложи нови мерки или укинување на дел од постојните. Членовите дискутирале за интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19.

„Иако ситуацијата е мирна, луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход“, велат од Комисијата за заразни болести.

Ќе продолжат внимателно да ја следат актуелната состојба и ако постои можност, тогаш ќе се предложи постепено релаксирање на мерките.