Судство
Уставен го отфрли барањето на Панчевски
23.03.2022 15:44
Уставниот суд го отфрли барањето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски за заштита на неговите права и слободи...

Уставниот суд го отфрли барањето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски за заштита на неговите права и слободи во врска со пресудите на Велешкиот суд и на скопска Апелација што се однесуваат на дискриминација поради социјална, професионална и пред сè политичка припадност.
Уставните судии оценија дека не постои правен акт врз основа на кој би одлучувале, откако Врховниот суд ги поништи судските одлуки.
