Статистика

Просечната нето плата во јануари порасна на 29.980 денари

23.03.2022 15:57

Во споредба со просечната нето-плата за месец јануари 2021 година, зголемувањето е за 1.708 денари или за 6%...

Согласно најновите податоци на Државниот завод за статистика во јануари 2022 година исплатената нето-плата по вработен, изнесува 29.980 денари. Во споредба со просечната нето-плата за месец јануари 2021 година, зголемувањето е за 1.708 денари или за 6%.

Согласно статистика, зголемувањето се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.9 %), Други услужни дејности (13.8 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (8.6 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.6 %) и Други услужни дејности (5.0 %).