Фудбал

Најдобриот судија од Франција ќе го суди мечот Италија – Македонија

23.03.2022 09:21

УЕФА ги делегираше судиите за сите бараж натпревари, а за тој што наш не интересира, довербата ја даде на арбитри од Франција.

Италија ја дочекува Македонија на 24 март во Палермо во полуфиналниот бараж дуел за пласман на СП во Катар.

УЕФА ги делегираше судиите за сите бараж натпревари, а за тој што наш не интересира, довербата ја даде на арбитри од Франција.

Клемон Турпан ќе биде главен судија, има исуство од Лигата на шампионите, Лига Европа, квалификациски натпревари под знакот на ФИФА и на УЕФА, а е најверојатно и најдобриот судија во Лига 1 во Франција.