Македонија во исчекување на ждрепката за квалификациите за ЕП
Македонија ја очекува битка во една од осумте квалификациски групи, од кои двете провопласирани, и четирите најдобри меѓу третопласираните ќе обезбедат учество на континенталниот собир.

Македонската машка ракометна репрезентација е дел од втората квалитативна група заено со Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија и со Украина пред ждрепката за квалификациите за паласман на Европското првенство во 2024 година.
Македонија ја очекува битка во една од осумте квалификациски групи, од кои двете провопласирани, и четирите најдобри меѓу третопласираните ќе обезбедат учество на континенталниот собир.
Квалификациите ќе донесат шест натпревари, по три на домашен и на гостински терен, а ќе се одиграат од 12 октомври оваа година до април следната година.
Европското првенство е закажано за од 10 до 28 јануари 2024 година, ќе учествуваат 24 репрезентации, таму пласман веќе имаат обезбедно домаќинот, германија, актуелниот европски првак Шведска и освојувачките на медали од последниот континентален собир, Шпанија и Данска.
