Формула 1

1-2 за Мерцедес

05.04.2014 18:56

Од пол позицијата,5-та во кариерата ќе стартува Нико Росберг, а веднаш до него во првиот стартен ред и неговиот клупски колега Луис Хамилтон, како потврда на очекувањата и по доминацијата на тренинзите...

Ништо ново и на средниот исток. Во прекрасната квечерина на за првпат осветлената патека Шакир, двоецот на Мерцедес беше неприкосновен во квалификациите за големата награда на Бахреин.

Од пол позицијата,5-та во кариерата ќе стартува Нико Росберг, а веднаш до него во првиот стартен ред и неговиот клупски колега Луис Хамилтон, како потврда на очекувањата и по доминацијата на тренинзите.

Честа на шампионскиот тим на Ред Бул ја одбрани Рикардо со третото време на квалификациите, но по казната од 10 места во Малезија утре на стартот ќе биде зад својот клупски колега Себастијан Фетел кој разочара откако не успеа да обезбеди настап во завршниот дел од квалификациите и имаше само 11 време. Ботас го продолжи добриот гран-при викенд во болидот на Вилијамс и постави 4-то време, а ќе стартува позиција понапред како и Перез, Раиконен,Батон,Маса, Магнусен и Алонсо кои влегоа во завршните 12 минути.Лотус одново разочара ,Малдонадо отпадна во првата, а Гросжан во втората сесија од квалификациите кои минаа без инциденти и најавуваат убава трка , а дали и неизвесна ќе зависи од конкурентите на засега неприкосновениот  Мерцедес. Стартот на ноќната пустинска трка е утре во 17 часот, а преносот на собранискиот сервис на МРТ.