Кошарка - АБА 2 лига

МЗТ Скопје во плеј - оф, Пелистер бега од плеј - аут

23.03.2022 19:09

Во очекување на завршницата во Скопје од 13-ти до 17-ти април, нашите екипи ќе одиграат уште по два натпревара во Широки бријег.

МЗТ Скопје обезбеди плеј - оф, Пелистер се уште има шанси да го избегне плеј - аутот во АБА2 кошаркарската лига. Во очекување на завршницата во Скопје од 13-ти до 17-ти април, нашите екипи ќе одиграат уште по два натпревара во Широки бријег.

Најголемото изненадување во 11. коло им одогара на кошаркарите од Аеродром. Лидерот Борац Бања Лука неочекувано загуби од шестопласираната Сутјеска со 75:74 и сега има ист ефект како македонскиот првак, по девет победи и два пораза. Тоа значи дека тој што ќе триумфира во меѓусебниот дуел в петок, ќе ја осигура првата позиција и ќе игра со осмиот во четвртфиналето. Во конкуренција за последното место што обезбедува доигрување за влез во главната АВА лига се Златибор и Војводина, коишто на седмата и на осмата позизција ги дели една победа.

Пелистер, пак, со биланс 3:8 е единаесетти и за да не игра плеј - аут потребно е во завршните два меча да го надмине ефектот на Подгорица од четири триумфи и седум загубени натпревари.