Познати се 7 четвртфиналисти во кошаркарската Евролига

05.04.2014 19:03

Во последниот натпревар од 13 коло “Е“ групата од Топ 16 фазата во Евролигатаекипата на Олимпијакос победи на гостувањето против Анадолу Ефес со 83:78.Бранителот на трофејот оствари двоцифрена предност по првото полувреме, која не ја испушти до крајот. Василис Спанулис беше најдобар поединец кај грчкиот тим со 17 поени и 4 асистенции, следен од Данстон и Лоџески со по 13, а во редовите на турската екипа Василеадис и Гордон потигнаа по 16 поени.

Во последниот натпревар од 13 коло “Е“ групата од Топ 16 фазата во Евролигатаекипата на Олимпијакос победи на гостувањето против Анадолу Ефес со 83:78.Бранителот на трофејот оствари двоцифрена предност по првото полувреме, која не ја испушти до крајот. Василис Спанулис беше најдобар поединец кај грчкиот тим со 17 поени и 4 асистенции, следен од Данстон и Лоџески со по 13, а во редовите на турската екипа Василеадис и Гордон потигнаа по 16 поени. Со третата победа во серија, или вкупно седма во оваа фаза, Олимпијакос обезбеди место во четвртфиналето со идентичен учинок како и Панатинаикос, зад лидерот Барселона и вторполасираната екипа Емпорио Армани.

Во “Ф“ групата ЦСКА во драматичен расплет дури по продолжението од 5 минути го совлада турскиот Галатасарај со 86:85. Каун со 14 поени беше најпрецизен, Теодосиќ постигна 13, а Вимс и Крстиќ по 12 кај Московјаните, додека Ерцег со 30 поени и 9 скокови беше убедливо најдобриот поединец кај Галатасарај и воопшто на натпреварот. Реал Мадрид го декласира рускиот Локомотив со 81:55 во меч кој беше решен со брилијантното полувреме, во кое Шпанците примија само 24, а постигнаа 46 поени. Десетмина Мадриѓани се запишаа меѓу стрелците, од кои Рејес постигна 15 поени, а кај гостите Хендрикс го заврши натпреварот со 17. Во дербито на дното, во пресметката на поранешните едвропски шампиони Партизан се збогува од своите навивачи сезонава со победа над Жалгирис од 77:67. Бертанс со 17 поени и Тепиќ со 14 беа најзабележителни кај “црно-белите“ од Белград, а Гудаитис постигна 13 кај Литванците.

На табелата Реал и ЦСКА со по 11 победи се на водечките 2 места, сигурен во следната рунда е и Макаби, а за четвртото место ќе решава последното коло во кое Локомотив и Галатасарај влегуваат со по 6 победи и 7 порази.