НБА кошарка

Победи на Орландо, Милвоки, Денвер и Атланта

23.03.2022 19:12

Покрај „вориорс“, шампионот Милвоки е засега една од петте екипи коишто обезбедија плеј - оф. „Бакс“ славеа против петтиот на „истокот“, Чикаго со 126:98, благодарение најмногу на 27-те коша на Холидеј и 25-те со 17 скока на Адетокумбо.

Три порази по ред на екипата со трет биланд во НБА, Голден Стејт. Причина што „вориорс“ загубија е неиграњето на повредениот Стеф Кари, но и на расположените кошаркари на Орландо иако имаат трет најслаб ефект во лигата. 94:90 за само дваесетта победа на „меџик“ и 25-ти пораз на Голден стејт којшто има 47 триумфи. Кај домаќинот, најефикасни беа Картер со 19 и Вагнер со 18 поени, кај гостите и на мечот, Пул со 26.

Покрај „вориорс“, шампионот Милвоки е засега една од петте екипи коишто обезбедија плеј - оф. „Бакс“ славеа против петтиот на „истокот“, Чикаго со 126:98, благодарение најмногу на 27-те коша на Холидеј и 25-те со 17 скока на Адетокумбо.

Денвер се врати на позиција што носи доигрување и тоа на шестата во западната конференција, откако 43-та победа ја оствари против Лос Анџелес липерс со 127:115. Центарот на „нагетс“, Јокиќ одигра уште еден меч на МВП ниво со 30 поени, 14 скока и со шест асистенции.

Атланта е девета на „истокот“ со по 36 триумфи и порази и  најверојатно ќе игра плеј - ин. „Хоукс“ како гости го совладаа Њујорк со 117:111 затоа што го имаа разиграниот тандем, Јанг со 45 и Богдановиќ со 32 коша.