На 25 години Ешли Барти ја заврши кариерата
Одлуката за крај на кариерата, 25-годишната Барти ја образложи со немањето сила, емоционална желба и се друго што е потребно за врвен тенис, како и со тоа дека се чувствува потрошена.

Не е првпат некој врвен спортист предвреме да ја заврши кариерата, но сепак големо изненадување преставува објавата на најдобрата во светот, Австралијката Ешли Барти дека веќе нема да игра тенис на професионално ниво.
Одлуката за крај на кариерата, 25-годишната Барти ја образложи со немањето сила, емоционална желба и се друго што е потребно за врвен тенис, како и со тоа дека се чувствува потрошена.
„Во овој момнет, во моето срце оваа одлука изгледа правилна“, изјави Барти која во спортска пензија заминува како прва на ВТА листата, со 15 титли, три грен - слем и заработка од тенисот од речиси 24 милионни долари.
