Македонија против Србија за плеј - оф надеж
Нашата репрезентација за играчи до 21 година е трета со шест бода колку што има и слекцијата на Фарски острови, додека Србија е петта со бод помалку. Шесторнагираната Ерменија во ниту една варијанта нема шанси за второто место во Групата Х.

Во ситуација кога е седум бода оддалечена од баражот за Европското првенство, сепак преостанатите четири натпревари не се само формалност за македонската репрезентација за фудбалери до 21 година.
Причината е нефудбалска и можноста Украина да се откаже од квалификациите за шамионатот следната година. Оттаму утрешното гостување кај Србија е дополнително важно за младите македонски фудбалери.
Нашата репрезентација за играчи до 21 година е трета со шест бода колку што има и слекцијата на Фарски острови, додека Србија е петта со бод помалку. Шесторнагираната Ерменија во ниту една варијанта нема шанси за второто место во Групата Х.
Доколку Украина не биде во можност да ги одигра преостанатите четири натпревари или, пак, УЕФА не најде дополнителни термини од предвидените, тогаш Македонија ќе биде во игра за второто место коешто обезбедува плеј - оф. Покрај со Србија, нашата млада селекција ќе игра дома, во вторник со Фарски острови и во јуни со Ерменија.. Во истиот месец засега е планиран и гостинскиот меч на Македонија со Украина.
Првопласираната репрезентација, а тоа во моментов е Франција со 16 бода, три повеќе од Украина, директно ќе се ласира на јуниорскиот шампионат што следната година ќе се одржи во Романија и Грузија.
