Македонија за историја, Италија за избегнување катастрофа
Почетокот на утрешниот дуел е во 20:45. Сите 36.000 влезници за стадионот „Ренцо Барбера“ се продадени. Македонската репрезенатција ќе има поддршкаа од 1.600 до 2.000 навивачи.

Полуфиналниот плеј - оф за Италија е наизглед обичен натпревар, за Македонија чекор кон ново фудбалско парче историја. Евентуалната победа, за аѕурите би била очекувана и нормална, сепак според нив ќе играат со аутсајдер, но пораз би значел катастрофа. Без разлика што се актуелни европски и четирикратни светски шампиони, Италијанците не можат да го игнорираат огромниот притисок, бидејќи не смеат да си дозволат вторпат по ред да не играат на Мундијал.
Тука на хартија е конкретната предност на нашите фубалери, барем пред почетокот на утрешниот дуел којшто е сепак само половина пат кон Светското првенство во Катар годинава.
„Ова за нас е најважниот меч. Мислиме на натпреварот и секако, одиме на победа. Јасно е дека поседуваме квалитет, бидејќи за да стигнеш до овде не е ништо случајно. Ја победивме Германија во група, па зошто не и Италија, иако тие се европски шамоиони. Најважно е ние да се подготвиме најдобро и да покажеме зошто сме тука. Кај Италија кој и да игра, сите играчи се квалитетни. Ние треба да го дадеме нашиот максимум за да победиме“, изјави голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски.
„Верувам во нас и верувам дека можеме да дојдеме до добар резултат и да ја израдуваме нашата јавност. Сите знаеме дека никогаш не е добро да се потцени противникот. Јас искрено сакам да не потценат, па да им покажеме дека згрешиле. И ние имаме одлични играчи кои играат во силни лиги и ќе им покажеме дека вредиме. Ова е еден меч, ќе биде важен и за нив и за нас. Ние никогаш не сме биле во ваква ситуација на два меча од Светско првенство. Нема што да загубиме, треба да го покажеме најдоброто од нас и да потврдиме дека можеме да одиме натаму“, вели македонскиот напаѓач, Алекасндар Трајковски кој некогаш играше за Палермо.
Почетокот на утрешниот дуел е во 20:45. Сите 36.000 влезници за стадионот „Ренцо Барбера“ се продадени. Македонската репрезенатција ќе има поддршкаа од 1.600 до 2.000 навивачи. Натпреварот ќе го суди францускиот арбитар од елитната УЕФА каегорија, Клеман Турпан.
