Фудбал - Прва лига

Гостински триумфи за Вардар и за Брегалница!

05.04.2014 19:09

Вардар пак, со ист резултат триумфираше на гостувањето кај Гостивар. Победоносните голови за црвено – црните и тоа во второто полувреме ги постигнаа Филип Петров и Филип Ивановски во 68-та и во 78-та минута...

Фудбалска сабота, македонскo првенство - интересно како никогаш досега. Податокот дека од следната сезона прволигашката конкуренција ќе биде скратена за две екипи, придонесе на половина тимови да  им се заканува испаѓање. Во пресметката со таков призвук, Bрегалница потврди дека сезонава е многу незгодна за Шкендија и ја прекина нејзината серија од три победи. Откако беа подобри во четвртфиналето од  купот, штипјани во важен дуел за опстанокот триумфираа во Тетово со 2:0 со головите на Ристе Наумов во 48-та и на Лазар Илиев во судиското надополнување.

Вардар пак, со ист резултат триумфираше на гостувањето кај Гостивар. Победоносните голови за црвено – црните и тоа во второто полувреме ги постигнаа Филип Петров и Филип Ивановски во 68-та и во 78-та минута.

Со 12-от триумф сезонава, вардарци момнетално се втори со два бода помалку од Пелистер.  Брегалница  е трета најуспешна гостинка екипа и со петтата победа се израмни со Шкендија со по 36 бода. Тетовци се шести затоа што имаат еднаков број постигнати и примени голови по 30, додека екипата од Штип е седма со два погодока  негативна гол разлика.

Утре, лидерот Пелистер ќе гостува кај Ренова која се наоѓа на само бод од опасната зона. Преносот од „Градскиот стадион“ во Тетово ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 15 часот. Терминот на другите натпревари е 16 часот. Во трката за титулата Работнички во Кичќево ќе игра со Напредок против којшто во последните шест мечеви има шетс победи и едно реми. Важен натпревар од различни аспекти ќе се одигра во Ѓорче Петров. Македонија има малку шанси за опстанок, па нема право на грешка во дуелот со канидатот за трофејот Турново кој во првиот дуел сезонава славеше убедливо со 5:1. Пресметката на специјалистите за нерешени ќе биде на „Железарница“. Металург и Еуромилк имаат по 11 реми мечеви, дуелот за домаќинот е важен во осварување на амбицијата за излез за Европа, а гостинот по подолго време се спушти во зоната за испаѓање.