Се спушта ли новата железна завеса над Европа?
НАТО го зајакнува источното крило. Генералниот секретар Столтенберг најавува распоредување на дополнителни воени сили од Балтикот до Црно море. Се спушта ли железната завеса над Европа? Воените стратези на НАТО посочуваат оти почетокот на војната во Украина треба да се сфати како закана за Северноатланската алијанса.

Веднаш откако русите пред еден месец ја почнаа инвазијата врз Украина воените стратези на НАТО, се соочија со фактот дека состојбата треба да се сфати како закана за Алијансата која не е забележана уште од периодот на Студената војна ова е и причината зошто сојузот почна со активирање на планот за одвраќање доколку се случи евентуален судир меѓу Сојузот и Русија.
Воените стратези оцениле дека Летонија е најслабата алка на источното крило на НАТО, што беше и повод, сојузот да ја почне воената мисија со цел јасно да се даде до знаење дека Алијансата е тука во источен Балтик.
Пред неколку недели први на Елба допловија 12 воени германски бродови на НАТО со околу 600 морнари, кон нив се приклучија и 500 американски војници, а наскоро бројката ќе се зголеми за уште 1000 американски војници.
„Искуството на Украина покажува дека компонентата за воздушна одбрана е исклучително важна. Веројатно е најдоброто одвраќање за нашите непријатели да знаат дека сме добро подготвени во овој поглед“, изјави претседателот на Литванија Гитанас Науседа.
Заедничката вежба на НАТО сојузните е сконцентрирана на вадење на мини.
Во Норвешка во регионот Бодо норвешките и американски воени трупи извршуваат вежби под назив студена реакција.
„Во оваа вежба којашто ја нарековме судена реакција што ја изведуваме со Американците заедно тренираме, брзо качување растоварување во хеликоптери“, рече Александар Гранберг – командант на ескадрила на оклопниот баталјон.
„Кога избувна војната во Украина, беше малку страшно и луѓето се прашуваа што се случува. Ние сега сме сконцентрирани во вежбите што поуспешно да ги завршиме“, рече Малин Берг – регрут.
Од Германија во Полска Вашингтон распореди два нови противвоздушни системи „патриот“ по барање на полските власти. Патриот се ракетни системи кои можат да пресретнат и уништат балистички ракети, авиони и крстаречки ракети.
„Ние секогаш одржуваме високо ниво на подготвеност. Тие се тука подготвени да се браниме од секаков вид воздушни закани кои би можеле да ја загрозат територијата на НАТО“, изјави Грегори Брејди, генерал-мајор на армија на САД.
Во Европа Соединетите држави пренесуваат се повеќе воена опрема, во Белгија, Холандија, во Германија и во Полска.
Мирјана Василева
