Вонреден самит на шефови на држави и влади на НАТО
Со состанокот претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг...

Вонреден состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади. Шефовите на држави и влади на 30-те земји членки на НАТО се состануваат денеска во Брисел за да ги координираат следните одговори на војната во Украина и руската агресија. На Вонредниот самит се и премиерот Ковачевски и министрите за одбрана и надворешни Петровска и Османи.
Со состанокот претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој изјави дека очекува лидерите денеска да се договорат за зајакнувањето на силите на источното крило на Алијансата. На самитот учествува и американскиот претседател Џо Бајден, кој исто така ќе му се приклучи на состанокот на Европскиот совет. Бајден ќе разговара за тековните напори за одвраќање и одбрана и ќе ја потврди посветеноста на САД кон своите сојузници во НАТО, соопшти портпаролот на белата куќа Џен Псаки.
Се очекува и украинскиот претседател, Володимир Зеленски да се вклучи на состанокот преку видео врска и да им се обрати на 30-те земји. Денеска и утре во Брисел се одржуваат и лидерски состаноци на ЕУ и на Г7 групата.
