Зеленски: Покажете солидарност
Месец дена од почетокот на воената инвазија во Украина. Руската војска со жестоки битки, зачестени напади и гранатирања во неколку украински градови. Не престануваат бомбардирањата во Мариупол. Сателитски снимки покажуваат оти градот е 90 проценти разрушен. САД ја обвинуваат Русија за воени злосторства извршени во Украина. Денеска во Брисел ќе видиме кој ни е пријател, кој ни е партнер и кој не изневери за пари, изјави украинскиот претседател Зеленски пред Вонредниот самит на НАТО.

Украинскиот лидер Володомир Зеленски повика на солидарност, еден месец од почетокот на руската инвазија која предизвика од 3,6 милиони бегалци да ја напуштат земјата.
Предупреди дека ќе обрне внимание на самитите во Европа каде што се планира зајакнување на санкциите, иако ограничувањата на енергијата можат да предизвикаат скептичност кај некои земји.
„Чекаме значајни чекори. Од НАТО, ЕУ и Г7. Знаеме дека русите веќе почнаа да лобираат за нивните интереси. Тоа се интересите на војната. Ова е војната што треба да се изгасне. Нашиот цврст став ќе биде претставен на овие три самити. На овие ќе видиме три самити: кој е пријател, кој е партнер и кој не предаде за пари“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Додека хуманитарниот биланс од конфликтот продолжува да расте, протерувајќи четвртина од 44-милионското население на Украина од своите домови, Зеленски ги повика луѓето ширум светот да излезат на улиците и да бараат завршување на војната.
„Излезете од вашите канцеларии, вашите домови, вашите училишта и универзитети, дојдете во име на мирот, дојдете со украински симболи за да ја поддржите Украина, да ја поддржите слободата, да го поддржите животот“, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Во вториот по големина град во Доњецката област, Мариупол, украинци во ред чекаат за храна и други потреби. Обидите да се создадат хуманитарни коридори и да се договорат за привремени прекини на огнот кои ќе им овозможат на украинците да го напуштат Мариупол пропаднаа, а дел од помошта и залихите пристигнаа вчера во делот на градот.
Москва очекува дека советот за безбедност на обединетите нации навреме ќе направи се за да ја ублажи хуманитарната ситуација во Украина.
Висок функционер на НАТО изјави дека за еден месец биле убиени помеѓу 7.000 и 15.000 руски војници, додека пак биле ранети од 30.000 до 40.000 руси.
Украина исто така беше нејасна за своите мртви, а украинскиот претседател пред околу две недели изјави дека биле убиени 1.300 украински војници.
Соединетите држави најавија повеќе санкции за руските политички фигури и олигарси. Амбасадата на САД во Москва доби список на дипломати кои се прогласени за персона нон грата како одговор на американското протерување на рускиот персонал од Обединетите нации.
Марина Ристова
