Попоски: Излегуваме подготвени со сериозна и обмислена програма

05.04.2014 19:53

Гостин во вториот Дневник на МРТ1 беше Никола Попоски, носител на шесттата изборна единица...

Денеска стартува кампањата за предвремените парламентарни избори, а вечерва митинг во центарот на Скопје одржува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Гостин во вториот Дневник на МРТ1 беше Никола Попоски, носител на шесттата изборна единица. 
 
„Овој пат како и секогаш излегуваме исклучително подготвени, со сериозна и обмислена програма зад која стојат точни пресметки и зад која стои кредибилитетот на целиот тим кој ја составува и кој е дел од владата која работеше досега“, изјави Попоски за МРТ. 
 
Додаде дека овој пат како претходно народот ќе може да избере помеѓу луѓе кои предлагаат конкретни проекти, над 2.000, како и отварање на 64.000 работни места. 
 
„Оваа програма е засновата на факти и пресметки, може да се натпреварува со било која друга, но досега немаме видено таква програма“, истакна Попоски.
 
Попоски нагласи дека секој од овие проекти е обмислен и се пресметани сите аспекти, а не се работи за проекти како оние на политичките опоненти кои се истресени од ракав и претставуваат листа на желби.